Премиерот Димитар Ковачевски на денешната дебата во Собранието за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа побара од пратениците целосна поддршка во гласањето за негово назначување на оваа функција. Пенов е вистинскиот човек на вистинското место, а кое говорат проектите од неговиот мандат како градоначалник на Скопје, рече Ковачевски.
„Предлагам вистински човек за вистинско место во вистинско време. Господинот Ристо ПЕнов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интегрира, сработува и има визија, желба и знаење за подобри решенија за сите граѓани. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите и инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади и поддршка на локалните бизниси, поддршка на културата“, рече премиерот Димитар Ковачевски.