Најмалку единаесет ученици загинаа, а шест се во критична состојба по пожар во училиште за слепи во централна Уганда, пишува Reutres.
Пожарот избувнал околу 1 часот по полноќ во училиштето за слепи Салама во Муконо, на околу 30 километри источно од главниот град Кампала, а причината се уште не е позната, се вели во соопштението на полицијата.
Пожарите во училиштата, кои често вклучуваат студентски домови, се релативно чести во Уганда. Најчеста причина се неисправните жици, иако властите велат дека некои се намерно предизвикани.