Свет

Со фотографија украдена од Словенија, Русите „докажуваат“ дека Украина прави валкана бомба

Со фотографија украдена од Словенија, Русите „докажуваат“ дека Украина прави валкана бомба

Русија со денови без докази ја обвинува Украина дека планира да активира „валкана бомба“, а вчера ги изнесе обвинувањата пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Единствениот „доказ“ што Русите го објавија досега се фотографиите кои треба да ги поткрепат нивните тврдења. Но, ова е многу очигледна лага.

Имено, како „доказ“ дека Украина прави „валкана бомба“ и дека „работата е во завршна фаза“, Русите ја искористија словенечката фотографија од радиоактивен испад објавен во 2010 година од Словенечката агенција за радиоактивен отпад (АРАО).

Официјалната реакција на словенечката влада

Поради се, официјално реагираше словенечката влада.

„Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и под надзор. Не се користи за правење валкани бомби“, ја пренесува изјавата на словенечката влада Санди Вршек, директор на АРАО.

„Фотографијата е од 2010 година и се користела на професионални предавања и во информативни материјали. Фотографијата е објавена од руското Министерство за надворешни работи без знаење на АРАО“, додаваат тие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни