Во дел од училиштата во Скопје, кои денеска добија дојави за поставени бомби проверката е завршена и е утврдено дека станува збор за лажни дојави, а во дел од нив проверките се уште траат, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (26.10.2022) околу 12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Подоцна, дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала на меил во уште три училишта на територија на Скопје и таму, исто така, се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек“, велат од МВР.