Папата Франциско ги предупреди свештениците и калуѓерките за опасноста од гледање порнографија на Интернет, велејќи дека тоа „го ослабува срцето на свештеникот“.
Папата (86) одговараше на прашањето како најдобро треба да се користат дигиталните и социјалните медиуми за време на седницата во Ватикан.
Порнографијата, рече тој, е „порок што го имаат толку многу луѓе… дури и свештеници и калуѓерки“.
Од таму влегува ѓаволот“, рече Папата.
Што се однесува до навигацијата на социјалните мрежи и во дигиталниот свет, тој рече дека тие треба да се користат, но им порача да не губат премногу време на тоа.
„Чистото срце, она што Исус го добива секој ден, не може да ги прими овие порнографски информации“, рече тој.
Тој ја советуваше групата „да го избришете ова од вашиот телефон“, за да немаат искушение на рацете. Црковното учење гледа на порнографијата како навреда против целомудрието.