Свет

Бројот на загинати од тропската бура Налга на Филипините се искачи на 72

Бројот на загинати од тропската бура Налга на Филипините се искачи на 72

Тропската бура Налга, која предизвика поплави и лизгање на земјиштето во јужните провинции на Филипините, уби најмалку 72 лица, соопшти во саботата агенцијата за катастрофи на земјата.

Најпогодена е провинцијата Магуинданао со 67 мртви, додека две лица загинаа во Султан Кударат, уште две во Јужен Котабато, а една жртва е регистрирана во регионот Висајас во централниот дел на Филипините, изјави портпаролот на агенцијата Бернардо Рафаелито Алехандро за радио станицата DZMM.

Во невремето се повредени 33 лица, а 14 се сметаат за исчезнати, рече тој.

Тропската бура, која има максимални ветрови од 160 км/ч, рано во саботата падна на копно во источната провинција Катандуанес.

Ќе донесе обилни врнежи од дожд во главниот град и околните провинции во сабота, додека поминува над главниот филипински остров Лузон и се движи кон Јужното Кинеско Море, објави метеоролошката агенција на земјата во својот најнов билтен.

Во петокот, тимовите за пребарување и спасување извлекоа тела од вода и густа кал откако Налгае предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

„Сега ги собираме сите спасувачки тимови и ќе спроведеме брифинг пред распоредувањето“, рече Насрула Имам, претставник на агенцијата за катастрофи во провинцијата Магуинданао. „Веќе не врне, така што ова ќе ни помогне во потрагата и операциите“.

Просечно 20 тропски бури ги погодуваат Филипините годишно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни