Свет

Шефот на ОН за Русија и Украина: Итно да се обнови договорот

Шефот на ОН за Русија и Украина: Итно да се обнови договорот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика Русија и Украина да го обноват договорот со кој се извезени повеќе од 8 милиони тони жито од Украина и ги намали глобалните цени на храната.

Гутереш ги повика и другите земји, главно на Запад, да го забрзаат отстранувањето на пречките што го блокираат рускиот извоз на жито и вештачки ѓубрива, пренесе агенцијата Франс прес.

Портпаролот на шефот на ОН во петокот рече дека Гутереш ја истакнал итноста за обновување на договорот за „да придонесе за безбедноста на храната низ целиот свет“.

Договорот меѓу Украина и Русија, главните светски снабдувачи со жито, беше постигнат од ОН и Турција во јули и истекува на 19 ноември.

Рускиот амбасадор во ОН во средата изјави дека пред Москва евентуално да се согласи да го обнови договорот, на Русија треба да и се дозволи да ги извезува своите жита и ѓубрива на светскиот пазар, „што никогаш не се случило од почетокот на договорот“. Тој додаде дека Русија се соочува со голем број проблеми за да го реализира својот извоз.

Гутереш рече дека обновувањето на украинскиот извоз на жито од три пристаништа на Црното Море „значително придонесе за намалување на цените на пченицата и другите стоки“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни