Снабдувањето со електрична енергија на Украина е обновено по координираните руски напади врз електрани, но итен прекин на струја може да биде сè уште неопходен, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски , цитиран од Ројтерс.
Во последниве недели, Русија ги насочи своите напади со беспилотни летала и ракети врз енергетските капацитети низ целата земја, уништувајќи повеќе од 30 отсто од производствените капацитети. Ова наметна широки ограничувања.
„Денес има значително помалку мерки за стабилизација и итни прекини на електричната енергија, но сè уште се можни ограничувања во некои градови и региони“, рече Зеленски во видео обраќањето.
Тој ја обвини Русија дека таргетирала погони кои се во поправка и рече дека неколку техничари се убиени, додаде Ројтерс.