Свет

По удар на гром и голема штета на предниот дел: Пилотите успеаа да слетаат авион (ВИДЕО)

По удар на гром и голема штета на предниот дел: Пилотите успеаа да слетаат авион (ВИДЕО)

Пилотите успеале да слетаат авион погоден од гром.

Имено, при ударот од громот авионот изгубил дел од носот, односно предниот дел. За среќа, никој не е повреден, пишува специјализираната веб-страница Aviation source news.

Инцидентот е од 27 октомври.

Авионот А320 на јужноамериканската авиокомпанија Латам ерлајнс, кој летал од Чиле до Парагвај, влегол во силна бура. Поради временските услови, дел од трупот на авионот буквално бил отсечен.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како патниците се во паника поради силните турбуленции.

Пилотите морале принудно да слетаат во Асунсион, Парагвај. По слетувањето сфатиле дека буквално недостасува предниот дел на авионот.

Авиокомпанијата ја потврди штетата. Никој од екипажот и 50 патници на летот не се повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни