Свет

ВИДЕО: Се урна мост во Индија – стотици паднаа во реката, најмалку 81 загинати

ВИДЕО: Се урна мост во Индија – стотици паднаа во реката, најмалку 81 загинати

Во индиската држава Гуџарат, мост се урнал во река. Во моментот на падот на мостот имало 400 луѓе, а досега загинале 81 лице.

Локалните власти информираат дека бројот на загинати во уривањето на мостот се искачи на 81.

Си-Ен-Ен јавува дека меѓу загинатите има и деца, повикувајќи се на владин извор.

Во официјален твит од кабинетот на премиерот, беше објавено дека на семејствата на загинатите ќе им биде понудена компензација од Националниот фонд за помош и на повредените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни