Земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран денеска околу 11 часот на островот Закинтос, јавија грчките медиуми. Не е регистрирана штета, соопшти Катимерини.
Епицентарот на земјотресот бил на 58 километри југозападно од селото Агиос Леонтас на длабочина од 10 километри.