Свет

ЕУ ја повика Русија да ја преиспита својата одлука за жито од Украина

ЕУ ја повика Русија да ја преиспита својата одлука за жито од Украина

Европската унија „ја повикува Русија да ја преиспита својата одлука“ да се повлече од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, од витално значење за снабдувањето со храна во светот, изјави денеска на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, цитиран од France Press.

Оваа одлука „го загрозува главниот извозен пат за жито и ѓубрива потребни за справување со светската прехранбена криза предизвикана од војната“ во Украина, посочи тој.

Москва вчера објави дека го замрзнува своето учество во овој договор по нападот со беспилотни летала против руската Црноморска флота, со седиште во Севастополскиот залив – во близина на окупираниот Кримски Полуостров.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни