Министерството за надворешни работи и претходно веќе реагираше на изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ во која посочивме дека очекуваме надлежните институции и политички претставници во Република Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии.
Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво.
За денешниот инцидент формална вербална нота ќе биде упатена до Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Претходно, лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов истакна дека Македонија и Бугарија биле едно.
Македонското малцинство го нарече непостоечко.
„Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.
Вели дека ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија.
„Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска“, вели пратеникот.