Свет

Ги затворија основните училишта во Делхи поради нечистиот воздух

Ги затворија основните училишта во Делхи поради нечистиот воздух

Основните училишта во индискиот Њу Делхи ќе бидат затворени од сабота и ќе се разгледаат ограничувањата на патниот сообраќај поради високите нивоа на загаденост на воздухот, изјави Арвинд Кејривал, првиот министер на државата, цитиран од Ројтерс.

Жителите на индиската престолнина се жалат на непријатност при дишење и иритација во очите, носот и грлото.

Според податоците на Централниот одбор за контрола на загадувањето, индексот на квалитетот на воздухот сега е во категоријата „тешка“ до „опасна“ на повеќето мониторинг станици. При вакви вредности, сериозно загрозени се лицата со истовремени заболувања, предупредуваат здравствените власти.

„Од утре ги затвораме сите основни училишта во Делхи… Ги прекинуваме активностите на отворено за сите ученици над клас 5“, рече Кејривал на прес-конференција. Владата размислува да ги ограничи возилата на патиштата, додаде тој.

Одлуката за затворање на некои училишта дојде откако загрижените родители и еколозите се огласија на социјалните мрежи за да ги повикаат властите да размислат за влијанието на загадувањето врз децата. Окружните власти во Ноида, сателитски град на Њу Делхи, во четвртокот им наложија на сите училишта да спроведуваат онлајн часови со ученици до осмо одделение.

Њу Делхи е град со околу 20 милиони жители и е најзагадениот главен град во светот. Секоја зима е обвиткан со смог бидејќи студениот и силен воздух собира градежна прашина, емисии од возила и чад од согорувањето на остатоците од земјоделските култури во соседните држави Харајана и Пенџаб пред новата сезона на култури.

Индискиот Федерален одбор за контрола на загадувањето во четвртокот навечер забрани влез во главниот град на камиони со дизел гориво кои не се неопходни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни