Свет

Објавена карта – еве колку Руси влегле во ЕУ за една недела

Објавена карта – еве колку Руси влегле во ЕУ за една недела

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, објави мапа на која е прикажана статистика за руски државјани кои влегуваат во ЕУ или се враќаат во Русија.

Според нивните податоци, минатата недела од Русија во ЕУ влегле 28.164 Руси, а претходната недела влегле 4.200. Истовремено, 25.651 Руси ја напуштиле ЕУ.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, повеќе од 1.458 милиони Руси влегле во ЕУ преку копнената граница, додека во исто време 1.421 милион од нив се вратиле во Русија. Најголем дел од нив одат во Финска, а на второто и третото место се Литванија и Естонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни