Свет

Пелоси за прв пат пред камера го коментираше бруталниот напад на нејзиниот сопруг

Пелоси за прв пат пред камера го коментираше бруталниот напад на нејзиниот сопруг

Ненси Пелоси за прв пат коментираше пред камера за бруталниот напад со чекан врз нејзиниот сопруг откако напаѓачот упадна во нивниот дом.

Претседателот на Претставничкиот дом на видеото рече дека закрепнувањето на Пол Пелоси (82), кој беше пуштен од болница пред еден ден, „ќе биде долго, но ќе биде добро“.

Пелоси во нападот се здоби со фрактура на черепот и други повреди.

“Пол се врати дома вчера. Тоа ми овозможува да бидам дома и со сите вас. Ви благодарам, благодарам, ви благодарам за вашите убави зборови, вашите молитви и вашите добри желби за Пол”, рече таа во видеото на YouTube.

„Ќе биде долг пат, но тој ќе биде добро. Трагично е како се случи, но сепак, мора да бидеме оптимисти. Тој е опкружен со семејство и тоа е прекрасна работа“, рече таа.

Видеото беше објавено само неколку часа по сослушувањето на осомничениот вооружен напаѓач Дејвид Депап, кој се соочува со голем број обвиненија за нападот. Тој го нападна Пол Пелоси на 28 октомври во домот на сопружникот во Сан Франциско, во областа Пацифик Хајтс. Тој наводно прашал каде е Ненси Пелоси.

Депап е притворен без кауција под обвинение за обид за убиство, кражба и злоупотреба на постари лица, а неговите адвокати се изјаснија за невини во негово име.

Да потсетиме, во вторник во Америка се одржуваат парламентарните избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни