Македонија

Опасна полово пренослива болест во Македонија – зголемен број на тестирања на Инфективна во Скопје

Опасна полово пренослива болест во Македонија – зголемен број на тестирања на Инфективна во Скопје

Сифилис е полово пренослива инфекција што ја предизвикува бактеријата спирохета Treponema pallidum подвидpallidum. Примарно се пренесува преку полов контакт, а може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременост или при пораѓање, што ќе резултира со вроден сифилис.

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје за Канал 5 велат дека тестирањето за сифилис е дел и од лекарскиот преглед и кај пациентите кои се ХИВ позитивни, но и дека често доѓаат и пациенти кои имаат промена на кожата на гениталиите, а не се ХИВ позитивни.

„Секаква промена во гениталиите, устната шуплина треба да биде причина за преглед. Дали ќе биде чешање, појава или промени на кожата на гентиалиите или промени на ранички или меурчиња, краста, брдавици. Значи секоја промена треба да биде прегледана“, вели директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стефановиќ.

Она што се уште е многу важно е да се зборува за сексулано преносливите болести, никако не смеат да бидат табу тема. Стевановиќ вели дека од дијагностицирањето, долекувањето и понатамошното следење мора да биде подобро организирно помеѓу здравствените установи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни