„Јас сум Хитлер!“ – Повторно хаос во Советот на Град Скопје (ВИДЕО)
Тензична атмосфера на денешната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје.
Имено, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески повторно се скараа.
Расправата продолжи и по втората пауза.
Арсовска: За дванаесет месеци не научивте да водите седница и тоа само докажува дека вашиот капацитет е нула исто како што ви е интегритетот и согласно закон имаме право да избереме на кој начин ќе се изјасниме. Вие сте тука и деспот и тиранин.
Славески: И Хитлер сум, друго нешто имате?
По оваа реченица побара Арсовска да ја напушти говорницата и да му го отстапи местото на советникот Шутаров да се произнесе.
На ова реагираше Арсовска која истакна дека тој нема право да зема збор на градоначалник.
Арсовска: Согласно Деловникот вие имате право да му го одземете зборот на советник, но не и на градоначалчникот
По ова Славески ја прекина седницата поради, како што рече, опструкции од страна на градоначалникот и заради нејзино недолично однесување.
Арсовска повторно возврати и истакна дека единствено недолично однесување во оваа сала има токму тој.
„Вие сте деспот и тиранин. Жал ми е што си ја завршивте кариерата како деспот. И немојте да ги организирате синдикатите против овој град. Вие директно му штетите на овој град со вашето однесување. Во два часот ако сте организирале да го тероризирате градот преку вашите политички синдикати да знаете дека граѓаните тоа го гледаат“, додаде Арсовска.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни