Македонија

МВР на терен – пристигнати нови дојави за бомби во скопските училишта

МВР на терен – пристигнати нови дојави за бомби во скопските училишта

Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито”.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни