Европската комисија објави детали за пакетот економска поддршка од 18 милијарди евра за Украина до 2023 година. ЕК се надева дека ќе биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.
Според планот, блокот ќе му испраќа на Киев 1,5 милијарди евра месечно во форма на 35-годишни заеми, со камати покриени од Европската унија.
„Го воведуваме овој нов финансиски пакет за Украина во време на очајна потреба за земјата, бидејќи немилосрдните напади на Русија продолжуваат да ја погодуваат клучната инфраструктура“, рече заменик-претседателот на Комитетот Валдис Домбровскис.
„Нашата финансиска помош мора да биде стабилна, структурирана и предвидлива.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на комисијата и на нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, пренесе АФП.
„Ова ја покажува вистинската солидарност на ЕУ“, рече тој, цитиран од БГНЕС.
Новиот пакет мора да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ. Некои од нив се скептични за преземање одговорност за растечкиот долг на Украина. ЕК се надева дека првата исплата ќе ја изврши во јануари.
Блокот веќе и испрати на Украина 4,2 милијарди евра макрофинансиска помош оваа година и планира да исплати уште 2,5 милијарди евра до крајот на овој месец.
Меѓународниот монетарен фонд проценува дека на Киев следната година ќе му требаат меѓу три и четири милијарди евра месечно.
Брисел се надева дека придонесот на ЕУ ќе биде дополнет од Вашингтон и другите големи меѓународни партнери, за помошта да го достигне потребното ниво.
„Ќе обезбедиме Украина да излезе од оваа војна како просперитетна земја, на патот на европската интеграција. Ќе ја поддржуваме Украина се додека тоа е неопходно“, рече Фон дер Лајен.