Мостот Антоновски, единствената патна врска меѓу јужниот украински град Херсон и источниот брег на реката Днепар контролиран од руските сили, се урна, јави денеска украинската јавна телевизија, цитирајќи локални жители. Засега не се познати причините за уривањето на мостот, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА.
Телевизијата „Суспилне“ објави фотографија на која се гледаат уништени цели делови од мостот. Најблискиот друг патен мост преку реката Днепар е на повеќе од 70 километри од Керсон. Русија во средата објави дека ги повлекува своите војници од западниот брег на реката Днепар.