Европската комисија објави дека издава дозвола за пристап до пазарот на ЕУ за вакцина против Ковид на францускиот производител „Санофи“ и на британската лабораторија ГСК. Ова е седми одобрен препарат за заштита од болеста, прецизираат од комисијата.
Вакцината го има трговското име VidPrevtyn Beta и е направена на протеинска основа. Се наведува дека може да се користи како бустер доза за оние кои се имунизирани со препарат од друг производител.
ЕК забележува дека во 2020 година, земјите на ЕУ склучиле договор со производителите на новата вакцина за снабдување до 300 милиони дози по потреба. Комисијата додава дека земјите можат да одлучат да ги донираат договорените суми за сиромашните земји.