Свет

Цистерна со бензин експлодира на автопат во Нигерија – загинаа 12 лица

Цистерна со бензин експлодира на автопат во Нигерија – загинаа 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа во нигериската сојузна држава Коги по сообраќајна несреќа во која учествуваше камион полн со бензин кој експлодираше, извести тамошната полиција, а пренесе ABC.

На камионот му откажале сопирачките и тој се судрил со возило на автопатот, предизвикувајќи експлозија, изјави портпаролот на полицијата за АП. Тој додаде дека камионот ги здробил автомобилите на патот и дека 12 лица загинале.

Слична несреќа се случи и во септември годинава

Во несреќата учествувале вкупно 18 лица, а оние кои не загинале се тешко повредени. Ваквите несреќи се вообичаени на повеќето главни патишта во Нигерија и новите мерки воведени од Националната служба за безбедност на патиштата не успеаја да ги спречат да се случат. Ваквите несреќи се чести во државата Коги, а последната ваква сообраќајна несреќа беше во септември кога загинаа 10 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни