Свет

Дали Путин ќе ја добие енергетската војна што ја започна?

Дали Путин ќе ја добие енергетската војна што ја започна?

Русија ја претвори енергијата во оружје, а тоа е највидливо во Украина, каде од почетокот на октомври руската војска активно гранатира објекти од цивилна инфраструктура – главно енергија. Но, и во Европа, Москва се обидува да ги постигне своите цели, заканувајќи се дека ќе го запре снабдувањето со природен гас, пишува европското издание Политико.

Сепак, се чини дека плановите на рускиот претседател Владимир Путин овој пат нема да се остварат, се вели и во анализата.

Како прво, постапките на Москва навистина предизвикуваат економска штета во земјите на ЕУ – тоа е неспорно. Меѓутоа, на долг рок, Русија едноставно не може да победи во оваа енергетска војна. Според „Политико“, со своите постапки шефот на руската држава прави голема штета, но главно на енергетскиот сектор на неговата земја и го брише нејзиниот статус на глобална енергетска велесила.

Целите на „милитаризацијата“ на енергијата се најмалку трикратни. Отпрвин, Москва ги држеше полуотворени славините за снабдување, предизвикувајќи неизвесност во земјите од заедницата и спречувајќи конкретни активности.

Второ – исцрпување на европските економии, која цел ќе биде постигната, бидејќи се појасно е дека Европа ќе влезе во рецесија во 2023 година.

Третата цел на Путин е да ги поттикне политичките поделби во Европа со тоа што имплицира дека санкциите се причина за енергетската криза. Оваа теза доби одредена влечна сила во ЕУ, иако причината и последицата се обратни.

Европа е во тешка позиција, посочува Политико. Економската и социјалната криза се засилува, високите цени на енергијата ја поттикнуваат инфлацијата и го поскапуваат животот. А работите можат да станат уште полоши ако зимата е долга и студена. Згора на тоа, ситуацијата може да биде уште посериозна во следната зимска сезона доколку европските земји не ги наполнат своите складишта за гас. Летово задачата беше малку полесна бидејќи земјите горе-долу сè уште добиваа руски гас, а не е јасно дали тоа ќе биде случај во 2023 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни