Најмалку 330 луѓе загинаа во протестите во Иран во последните два месеци. Податоците се од организација за човекови права со седиште во САД.
Меѓу загинатите има 50 малолетници и 39 вработени во безбедносните сили.
Протестите избувнаа во средината на септември поради смртта на 22-годишна жена која беше приведена и претепана од моралната полиција поради погрешно носење хиџаб.
Незадоволството опфати повеќе од 130 градови во Иран и ги надмина границите на земјата.
Активистите за човекови права ги повикуваат фудбалските навивачи да го скандираат Амини – името на починатата жена – за време на Светското првенство во Катар, кое започнува следната недела.