Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека истражувачки институт во североисточниот украински град Харков претрпел сериозни оштетувања. Сепак, нема знаци на истекување или кражба на радиоактивен материјал, објави Ројтерс.
Тим на МААЕ го посети Политехничкиот институт во Харков од 8 до 10 ноември, се вели во соопштението на генералниот директор на нуклеарниот регулатор на ОН, Рафаел Гроси.
Во јуни, локацијата беше подложена на артилериски оган за време на борбите меѓу украинските и руските вооружени сили, забележува Ројтерс.
„Иако нивоата на радијација се во нормални граници, обемот на штетата во оваа нуклеарна истражувачка постројка е драматична и шокантна, дури и полоша од очекуваното“, рече Гроси.
Руската инвазија на Украина во февруари предизвика сериозна загриженост за безбедноста на нуклеарните капацитети во земјата, особено нуклеарните централи.