По информацијата дека на полско-украинската граница паднале две ракети од полска страна, зборуваше Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
– Се појавија информации дека премиерот на Полска свикал итен безбедносен состанок откако наводно паднале две руски ракети во Пжеводов, полски град на 100 километри од украинскиот град Лавов. Евидентирани се две мртви лица – напиша Герашенко.
Полска е членка на НАТО.
Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.