Украинските власти ја обвинија Русија за ракетниот напад врз главниот град Киев, велејќи дека биле погодени станбени згради и се огласиле сирени за воздушен напад низ целата земја.
„Има напад на главниот град. Според прелиминарните информации, погодени се две станбени згради во регионот Печора“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во изјавата на социјалните мрежи. „Неколку проектили беа соборени над Киев со системи за противвоздушна одбрана. Лекарите и спасувачите се на местото на нападите. Повеќе детали подоцна“, додаде тој.
Russian terrorists hit a residential building in Kyiv.
Video by the Office of the President pic.twitter.com/YRYsVTjyOc
— Serhii Sternenko (@sternenko) November 15, 2022
Заменик-шефот на кабинетот на претседателот, Кирил Тимошенко, во изјава на интернет рече дека проектилите биле истрелани од руските сили. Тој објави снимка од очигледното место на ударите, на кои се гледа како пламенот пука од петкатна станбена зграда од советската ера.
„Опасноста не помина. Останете во засолништа“, додаде тој.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, рече дека нападот бил одговор на обраќањето на претседателот Володимир Зеленски на Г-20, за време на кое тој ги повика лидерите да извршат притисок врз Кремљ да ја прекине својата инвазија.
„Дали некој сериозно мисли дека Кремљ навистина сака мир? Тој сака послушност. Но, на крајот на денот, терористите секогаш губат“, рече Ермак.
Во последниве недели, руските сили ја гаѓаа енергетската инфраструктура низ Украина и истрелаа низа проектили и испратија роеви беспилотни летала кон главниот град. Последен пат Киев беше нападнат од руските сили пред речиси еден месец на 17 октомври.