Македонија

Црногорскиот парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Црногорското собрание денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше и претсадетелот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.

Иван Брајовиќ, претседателот на Собранието на Црна Гора честиташе за Договорот од Преспа на Севрна Македонија и Грција.

-Верувам дека на Северна Македонија ќе и ја отвориме вратата на земјите, на кои Црна Гора веќе припаѓа. СД ќе гласа за овој закон, порача Брајовиќ.

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ во обраќањето пред пратениците истакна дека пред нив е историска одлука, бидејќи Црна Гора прв пат одобрува пристапување на некоја друга земја во НАТО.

Нагласи дека влезот на Северна Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион.

-Поддршката на Македонија е високо на агендата на Црна Гора. Како членка на НАТО Црна Гора е активен промотор на натамошното ширење на НАТО, рече Дармановиќ и додаде дека тоа е и единствениот пат за напредокот на регионот на Западен Балкан.

Грција беше првата земја, која во својот Парламентот го ратификуваше овој документ. Протоколот за членство во НАТО досега е ратификуван и од Словенија, Албанија и Бугарија, а денеска и од Хрватска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни