Пацифичка нација позната и како Елисови Острови пред 1976 година, е многу загрозена од целосно истребување. Причината за тоа е што поради глобалното затоплување и покачувањето на нивото на морето, може целосно да се поплави со вода.
Затоа, Тувалу планира да создаде своја дигитална верзија, објави Ројтерс.
Tuvalu's Foreign Minister Simon Kofe tells COP27: "Our land, our ocean, our culture are the most precious assets of our people and to keep them safe from harm, no matter what happens in the physical world, we will move them to the cloud." #COP27 https://t.co/DRv4Q0ZNDM
— Rappler (@rapplerdotcom) November 16, 2022
За влез во новиот простор ќе бидат потребни технологии за зголемена реалност (AR) и виртуелна реалност (ВР), рече министерот за надворешни работи на оваа пацифичка земја Сајмон Кафе во онлајн обраќањето до учесниците на климатската конференција COP27 во Египет.
„Како што исчезнува нашата земја, немаме друг избор освен да станеме првата дигитална нација. Нашата земја, океан и култура се најскапоцените средства на нашите луѓе. За да ги заштитиме од штета, без разлика што се случува во физичкиот свет, ќе се преселиме во облакот“, рече тој, зборувајќи пред дигиталната реплика на островот подложен на поплави.
Ова би значело поставување на дигитална копија од состојбата на метаверзумот, онлајн простор каде што корисниците ќе треба да користат технологии за зголемена и виртуелна реалност за да комуницираат со него.
За претходната климатска конференција COP-26, која беше организирана во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември 2021 година, Кафе сними видео порака како стои до колена во вода за да ја нагласи важноста на прашањата за климатските промени.
Тувалу е островска држава со површина од 30 квадратни километри, сместена во југозападниот дел на Тихиот Океан. Според пописот од 2021 година, неговото население е само 11.900.