Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на својот „Фејсбук“ профил напиша дека е искучителна чест да се биде поддржан од сите заеднички заедници, од 31 политичка партија како и од многу граѓани.
„Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии“, напиша Стево Пендаровски на својот фејсбук профил откако вчера доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција.
-Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја, пишува Пендаровски на Фејсбук.