На 02-03-2019 год во 01:15 ч. С.Г (39) од Скопје пријавил дека во нас.Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга М.Г(40)од Скопје од страна на С.Д(49) од Скопје. Потоа С.Г и М.Г се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г. Се работи на целосно расчистување на случајот.