“Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили“. Со ваков транспарент семејствата на исчезнатите лица протестираа пред Собранието. Поминаа 83 дена откако 26 годишниот Пино е исчезнат. Веќе еден месец нема никаква вест за 35 годишниот Арбен. Нивните родители бараат одговорност од државните органите и велат дека додека МВР спие, а нивните роднини исчезнуваат. Родителите обвинуваат дека за случаите со исчезнатите лица не се спроведуваат потребните истраги и дека полицијата не им дава информации со месеци. Тие најавуваат протести и следната недела доколку МВР не излезе со некоја нова информација. Пред неколку дена министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека нема простор за паника, и дека бројот на исчезнати лица се намалува.