Македонија

Вработувања преку партиски штабови? Опозицијата објави „скриншотови“ од пораки на премиерот

Над 28 илјади партиски вработувања се направени откако СДСМ дојде на власт, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на фотографии објавени на онлајн портали, а за кои се тврди дека се направени од телефонот на разочаран член на партијата, кој комуницирал со премиерот Зоран Заев, со цел да добие работно место.

Арсовски вели дека сега институциите имаат сериозна потврда дека вработувањата се направени директно од седиштето на владејачката партија. Тој побара институциите, како Антикорупциската комисија, детално да ги разгледа и да реагираат за листата од 182 вработени, роднини на функционерите на СДСМ. Во однос на „скрншотовите“ побаравме став од владејачката партија, но не успеавме да добиеме одговор. Со реакција се јавија само од кабинетот на премиерот.

-Категорично тврдиме дека се работи за лажна вест, конструирана содржина, графичка манипулација која единствено има за цел да шири лаги и со тоа да наштети на угледот на премиерот Заев – соопштуваат од кабинетот на премиерот.

Во реакцијата на Владата се бара порталот кој ја објавил веста да ја повлече и да се извини согласно Законот за граѓанска одговорност. Од таму додаваат дека Владата интензивно работи на политиките и законски решенија за професионализација на администрацијата ослободена од партиски притисоци.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни