Се чини непотизмот не е едиствен проблем при вработувањето во нашата земја. Погрешни луѓе на работни места без соодветна квалификација.
-Можеби ќе ви звучи смешно но, да речеме во одделение за правни работи имате дипломиран земјоделски инженер – оддел цвеќарство, градинарство. Во одделение за планирање на јавни набавки имате дипломиран професор по одбрана и заштита. Во оделение за општи нормативни работи имате актер, аранжер во трговија, музичар изведувач, дипломиран туризмолог – вели Драги Рашковски.
Две години подоцна министерот Дамјан Манчевски вели дека тие се левичарска партија и нема да отпуштаат луѓе од работа, бидејќи имаат искуство. Но, прашањето е на што го темели искуството на цвеќарот во правни работи ако нема основа, додека доктори на науки и магистри заминуваат од државата или чекаат вработување во АВРМ поради не можноста претходно да се вработат. Заклучно со 31.01.2019 според податоците на АВРМ:
ВКУПНО: 105 658 невработени лица .
- 802 невработени лица –магистри на наука
- 30 невработени лица – доктори на наука
-Кога зборуваме за доктори на науки, веројатно тоа се луѓе кои немале претходно работно искуство.Кога почнувате без никакво работно искуство во администрацијата вие морате да почнете од најниското ниво. Тоа е тоа законот е таков – вели Манчевски.
До крајот на годината Манчевски очекува комплетна слика која се заснова на анализа за реорганизација и хаосот да се доведе во ред, да се знае што недостасува, а што е вишок и ќе премине во приватниот сектор.
Околу 140 000 бил бројот на вработени при доаѓањето на сегашната власт. Оваа бројка се однесува на целиот јавен сектор, не само на администрацијата.
-Во сите оние институции од јавниот сектор бројот на вработени беше околу 129 000, но ние за првпат во историјата го објавивме бројот на вработени и во акционерските друштва кои се во целосна државна сопстевност како и вработените на определено време.Тоа претходно беше таен податок никој не го објавуваше – изјави Манчевски.
Најновите податоци на вработени ќе се знаат до крајот на март, повторно се очекува надолен тренд. Според Манчевски тоа е така бидејќи вработувањата се вршат согласно потребите на институциите, а не согласно потребите на партијата.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА