Синоќа околу полноќ oд електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола.
„Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа“, велат од ЕСМ.
Од ЕСМ додаваат дека исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.
„Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември“, се вели во сооптешние од ЕСМ.
Инаку државата не успеа 100% од домашно производство да ги снабди потрошувачите, па вчера беа купени 3.110 MWh.
Македонија купи 3.110 MWh електрична енергијa во изминатото деноноќие