Македонија

Почина долгогодишниот новинар и уредник Мојсо Мојсовски

Почина долгогодишниот новинар и уредник Мојсо Мојсовски

На 78-годишна возраст почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник кој остави значајна трага во Македонското радио и македонското новинарство.

Роден на 8 септември 1948 година во Скопје, Мојсовски најголем дел од професионалната кариера го помина во Македонското радио. Ќе остане запаметен како уредник на дескот и водител на Пладневниот радио весник. Работеше и во македонската редакција на „Дојче веле“.

Беше ментор на бројни генерации новинари, автор на книга посветена на родното Скопје и долгогодишен активен член на Одборот на скопските бадникари.

Последното испраќање ќе се одржи во вторник, на 1 декември. Опелото е закажано за 11 часот, а погребот за 12 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни