Македонија

Затворената седница на Виктор Димовски за државјанството на Онишченко се емитувала во живо на Јутјуб?!

Затворената седница на Виктор Димовски за државјанството на Онишченко се емитувала во живо на Јутјуб?!

Затворената седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) најверојатно ќе биде прекината и одложена бидејќи иако се работи за затворена, сепак протекла во јавноста.

Имено, додека директорот Виктор Димовски на седница, за која побарал да биде затворена поради класифицираноста на информациите, давал отчет околу давањето на државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченкол, истата во живо со аудио се пренесувала на Јутјуб каналот на Собранието

Ова го истакна пратеникот Павле Трајанов кој побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да обезбеди услови за работа на Комисијата, а не затворена седница да оди во живо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни