Македонија

ФОТО: Новиот трансформатор за РЕК Битола е на пат од Солун кон ГП Меџитлија

ФОТО: Новиот трансформатор за РЕК Битола е на пат од Солун кон ГП Меџитлија

Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е на пат од Солун кон граничниот премин Меџитлија.

Трансформаторот се изработуваше во фабриката Астор во Турција и се очекува на 22 ноември да биде во РЕК Битола.

Трансформаторот е тежок 240 тони и од Турција се пренесува со специјална композиција, преку копно низ Турција, бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно се движи кон крајната дестинација – РЕК Битола.

За композицијата долга 60 метри преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Откако трансформаторот ќе пристигне во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни