Свет

Во близина на Санкт Петербург експлодираше гасовод

Во близина на Санкт Петербург експлодираше гасовод

Експлодираше гасовод во близина на Санкт Петербург, Русија, предизвикувајќи огромен пожар кој можеше да се види со километри. Според руското Министерство за вонредни ситуации, експлозијата била предизвикана од дефект на гасоводот и нема повредени.

Оттогаш притисокот врз гасоводот е намален, а блиската термоцентрала е префрлена на мазут за да се обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија, напиша регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.

Претходно денеска, најмалку девет лица, меѓу кои четири деца, загинаа во експлозија на гас на источниот руски остров Сахалин, јавија руските државни медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни