Балкан

Вучиќ до Орбан: Изгубивме избори, но не и достоинство

Вучиќ до Орбан: Изгубивме избори, но не и достоинство

Александар Вучиќ го пречека Виктор Орбан во куќата на својот татко во близина на Белград, нарекувајќи го голем пријател и брат. Во обраќањето, Вучиќ рече дека и двајцата неодамна изгубиле избори, но дека ги зачувале достоинството, гордоста и вербата.

„Многу сум среќен што го пречекувам Виктор Орбан, мојот голем пријател, мојот брат. Ќе поминеме убаво време овде, во куќата на мојот татко близу Белград. И да, двајцата неодамна изгубивме избори, но не ги изгубивме достоинството, гордоста и вербата“, изјави Вучиќ.

Орбан му се заблагодари за поканата и порача дека пријателите остануваат пријатели, а дека вистинското пријателство дополнително се зацврстува во тешки времиња.

„Можеш да бидеш сигурен, Александар, дека секогаш сум на твоја страна“, рече Орбан.

Тој нагласи дека нивниот однос има значење и за врските меѓу двете земји, оценувајќи дека заедно придонеле за подобрување на односите меѓу Србија и Унгарија и за зближување на Србите и Унгарците.

„Тоа беше повеќе од пријателство меѓу нас двајца. Беше големо постигнување да ги унапредиме односите, дури и братството меѓу Србија и Унгарија, Србите и Унгарците“, изјави Орбан.

Тој додаде дека останува посветен на продолжување на таквиот однос и упати желби за успех до Србија, до Вучиќ и до неговото семејство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни