Свет

Најмлаку 5 лица загинаа во пожар во магацин во Москва (Видео)

Најмлаку 5 лица загинаа во пожар во магацин во Москва (Видео)

Најмалку пет лица загинаа во пожар во цветен магацин во фреквентен дел на Москва. Уште едно лице се води како исчезнато, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на службите за цивилна заштита.

Од пожарот се спасени седум работници. Првичната истрага покажа дека пожарот избувнал во попладневните часови поради неисправност на електричниот систем за греење на цветниот магацин. Пожарот бил изгаснат до вечерта.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 42 возила и 121 пожарникар, како и едно противпожарно возило.

Во соопштението се додава дека во воздухот не се пронајдени опасни материи.

Сликите објавени на руската телевизија покажуваат облаци од црн чад што се издигнуваат високо кон небото недалеку од блиските станици Јарославски, Ленинградски и Казански.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни