Македонија

Eдна година од страшната трагедија во Бугарија каде загинаа 45 граѓани од Македонија

Eдна година од страшната трагедија во Бугарија каде загинаа 45 граѓани од Македонија

Помина точно една година од страшната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Во несреќата загинаа 45 лица од Северна Македонија кои се враќале од Турција каде биле на прошетка со автобус на Беса Транс.

Повредени беа и 7 лица, а точната причина за несреќата засега не се знае.

При увидот на местото на настанот во автобусот беа пронајдени канти со гориво, но воопшто не се запалиле.

Според портпаролката на бугарското обвинителство Силка Милева, биле испрашани повеќе од 30 сведоци. Направени беа и вештачења, со што едно од нив и ја утврди причината за смртта.

„Утврдено е дека повеќето починале од термички удар и задушување од пожарот“, додаде Милева.

Водечката верзија е човечка грешка.

„Од изготвениот заклучок на вештаците јасно се гледа дека возачот возел со преголема брзина и изгубил контрола над возилото“, изјави Милева.

Денешниот датум ќе остане најцрн во историјата на Северна Македонија.

Една година подоцна на местото на несреќата пак некои работи се сменети.

Заштитната ограда е заменета, а има и површен обид да се поправат ознаките на патот.

Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики за БТВ вели дека местото на исклучување било исчистено и досега оваа делница од патната клучка „Даскалово“ до патната клучка „Долна Дикања“ во својот голем дел сè уште нема заменета заштитна ограда, а на многу места недостига обележување.

Од API за БТВ одговорија дека делницата е во добра оперативна состојба и сообраќајот на неа е безбеден доколку се почитуваат сообраќајните правила.

Тие прецизираат и дека од немилиот инцидент досега се направени неколку подобрувања – патна сигнализација, има нови знаци, а поставени се и нови системи за задржување.

Во тек се две истраги за случајот – една во Бугарија и една во Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни