Со свечено вклучување на новогодишното осветлување, музика и забава за сите генерации, Крива Паланка го означи почетокот на предновогодишните прослави.
Градоначалникот Сашко Митовски заедно со најмладите одбројуваше до моментот кога градот блесна во илјадници светилки и новогодишни украси.
Празничната програма продолжи со настап на DJ Bono, кој со музика и танц придонесе за веселата атмосфера меѓу присутните.
Од Општина Крива Паланка најавуваат дека ова е само почеток на празничните активности, а во наредниот период граѓаните ги очекуваат бројни изненадувања, забавни содржини и настани наменети за сите возрасти.
Крива Паланка и пред почетокот на декември доби новогодишен изглед, најавувајќи месец исполнет со празнични случувања.