Неколку луѓе се убиени во пукање што се случи во Чесапик, Вирџинија, околу 22 часот по локално време.
Напаѓачот отворил оган во продавница Волмарт, а истиот е пронајден мртов во продавницата, изјави портпаролот на локалната полиција Лео Косински.
Еден од вработените во продавницата истакна дека се работи за еден од нивните менаџери.
Според него, напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука, а додава дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.
„Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите“,вели еден од работниците.
Тој го преживеал нападот откако легнал на подот и се преправал дека е мртов.
Жена пак која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе и остави траума до крајот на животот.
„Видов како девојката е застрелана во главата“, им рече таа на насобраните новинари.