Свет

Расте бројот на повредени: Објавени снимки од силниот земјотрес во Турција

Расте бројот на повредени: Објавени снимки од силниот земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер ја потресе западна Турција во близина на градот Дузче, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.

Повредени се 46 лица, соопшти Управата за вонредни состојби.

Вкупно 37 лица се повредени во Дузче, каде што е епицентарот на земјотресот, додека останатите се повредени во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви.

Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.

Почувствуван е и во Истанбул и во други провинции, вклучително и во северозападниот дел на Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните провинции Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни