Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Западна Јава во Индонезија пред речиси една недела се искачи на 321, објави највисокиот претставник за управување со кризи во земјата.
Оштетени се повеќе од 62 илјади куќи
Сухарјанто, шеф на Националната служба за управување со кризи, рече дека најмалку 11 лица се уште се водат како исчезнати. Земјотресот оштети повеќе од 62.000 куќи, како резултат на што повеќе од 73.000 граѓани беа преместени во 325 прифатни центри низ регионот.
„Хуманитарните работници постепено допираат до погодените граѓани во оддалечените села со логистика и прехранбени производи и им подигаат шатори“, додаде Сухарјанто. Службата која ја следи сеизмолошката активност соопшти дека главниот земјотрес во понеделникот бил проследен со 284 последователни потреси, при што нивниот интензитет постепено се намалува.