Британската кралица Елизабета Втора во последните месеци од животот се бореше со мултипен миелом, кој се карактеризира со оштетување на коскената срцевина, објави весникот „Индепендент“ повикувајќи се на новата книга на ТВ водителот Гилс Брандрет.
Тој беше пријател на сопругот на покојната кралица Филип.
Според потврдата за смртта објавена од шкотскиот архив, причината за смртта на Елизабета Втора била староста.
„Слушнав дека кралицата има некаква форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор, губење на тежината и „проблеми со движењето“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од животот“, напиша Брандрет во нова неговата биографска книга „Елизабет: интимен портрет“.
Тој истакна дека најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а постарите луѓе често страдаат од мултипен миелом.
Кралицата Елизабета Втора , која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст. Нејзиниот најстар син принцот Чарлс стана крал, земајќи го името Чарлс III, а неговата сопруга Камила доби статус на сопруга на кралица.