Свет

Мадуро вети фер избори во Венецуела доколку САД ги укинат санкциите

Мадуро вети фер избори во Венецуела доколку САД ги укинат санкциите

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека неговата земја ќе одржи фер и слободни претседателски избори доколку бидат укинати санкциите наметнати од Соединетите држави , пренесува Ројтерс.

Неговата изјава доаѓа во време на продолжување на лиценцата на американската нафтена компанија Шеврон за извлекување нафта и проширување на операциите во Венецуела. На овој начин, Венецуела ќе може да продава нафта во САД, но компанијата посочува дека операциите нема да продолжат во наредните месеци.

САД се категорични дека на секој чекор кон омекнување на санкциите мора да му претходи политичка акција за транспарентност на изборите. Дел од мерките се враќање на  исклучените кандидати , враќање на легитимните лидери на политичките партии и прием на меѓународни набљудувачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни