Јапонија, Велика Британија и Италија следната недела ќе објават потпишување на договор за развој на борбен авион, пренесува Ројтерс.
За Токио и Лондон ова е кулминација на сè поблиските односи во одбранбениот сектор. За Јапонија, партнерите даваат можност да се натпреваруваат со растечката воена моќ на Кина.
Се очекува Јапонија да објави нова одбранбена стратегија кон средината на декември, додаваат извори на агенцијата. Очекувањата се дека 5% од бруто домашниот производ ќе биде наменет за одбрана во следните пет години.